Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа, често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања. Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата. Постојат неколку видови на кромид кои меѓусебно се разликуваат по бојата вкусот и големината. На тој начин разликуваме виолетов, жолт и бел кромид.
Жолтиот кромид претставува најлутиот претставник и тој може да се чува најдолго. Содржи најмногу кверцетин, моќен антиоксидант со докажано антивоспалително, антиалергенско и антиканцерогено дејство. Виолетовиот кромид е познат по тоа што е најблаг од сите видови на кромид. Исклучително богат со кверцетин, исто така содржи и лековити антицијанини, состојки кои ја спречуваат појавата на разните срцеви и васкуларни заболувања, како и ракот. Белиот кромид има релативно благ вкус и содржи умерени количини на кверцетин.