06.11.2024
Почетна / Градина / Вести / Кои се лековитите својства на кромидот

Кои се лековитите својства на кромидот

Латинското има нa овој зеленчук е Allium cepa, англиското onion, што значи „еден единствен“.

Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти.

Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони…

Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, бета каротин. Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка па сe до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства.

Едно од тие хемиски соединенија на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот. Кверцетинот има антиканцерогени ефекти. Тој спаѓа во групата растителни пигменти наречени флавоноиди кои се раствораат во вода. Се однесува како антихистамин и има антивоспалителни карактеристики. Меѓу повеќето евидентни дејства на кверцетинот се и силните антиоксидантни карактеристики. Ја намалува оксидацијата на ЛДЛ (лошиот холестерол), односно го заштитува срцето.

Види

Фрлете ги апчињата за спиење: Половина лажица од овој зачин и ќе спиете како бебе!

Пореметувањето на сонот може да биде последица од разни фактори, а некои од нив се …