Почетна / Градина / Лек / Кои се „чудата“ на планинскиот чај

Кои се „чудата“ на планинскиот чај

Ова повеќегодишно растение познато e уште и како Шарпланински чај. Toa е еднo од најкорисните растенија кои растат во Македонија.

Во 70-тите години на минатиот век астронаутите го пиеле при подготовките за лет. Јапонски научници истражувале пред години и го утврдиле неговото благотворно влијание врз бројни болести.

Бидејќи Грците се ориентирале порано да го култивираат и извезуваат, светот го знае тоа чудесно растение како “грчки чај” и “грчки планински чај”.

Тој содржи: флавоноиди, фенилпропаноидни гликозиди, танини, терпеноиди, дитерпени и етерични масла, феноли, иридоиди, урсолова и олеанова киселина, бројни микроелементи како што се железо, бакар, цинк, кобалт и селен, како и макроелементите калциум, магнезиум, калиум и натриум кои објаснуваат фармаколошко дејство на видот.

Тој поседува силно антиоксидативно дејство, тонирзира, има антианемично и диуретично дејство. Го намалува ризикот од висок крвен притисок, инфаркт, мозочен удар, штити од развојот на клетките на ракот. Ја помага срцевата активност. Помага при заболување на простатата и тешко мокрење, ја стимулира потенцијата.

Ова е одлично средство при заболување на бубрезите и уринарните канали. Има силно антиинфламаторно, противомикробно и антибактериско дејство, одлично средство за третман на настинки – кашлица, болки во грлото, грип, бронхитис и други болести на респираторниот систем.

Види

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која следи

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во …