18.08.2022
Почетна / Градина / Кои растенија помагаат при кашлица

Кои растенија помагаат при кашлица

Со приближувањето на зимата треба да се помириме со фактот дека секој од нас може ќе преболедува барем еднаш.

Кои растенија можеме да ги користиме наместо скапи лекови за да се справиме со мачна кашлица и да заштедиме некој денар?

1. Роза –  Може да се користи во пракса целото растение, бидејќи корените, листовите и цветовите се многу богати со активните состојки – слуз материи богати со полисахариди.

При примање, тие ја покриваат слузокожата на орофаринксот и штитат од иритација кое може да се јави под влијание на студениот воздух. Имаат олеснително и смирувачко дејство, а може да се применува и во форма на пареа при акутни воспалителни заболувања на горните дишни патишта – ларингит, фарингитис, бронхитис и др.

2. Лист од широколистен или теснолистен жиловлек – Во нивниот состав исто така има големо количество на полисахариди кои имаат олеснително и противокашлично дејство како оној на ружата.

3. Корен од црн Оман – До неодамна црниот Оман исто беше применуван како противокашлично средство, поради полисахаридите во неговиот состав. Сега неговата употреба е напуштена поради сомневања за оштетување на црниот дроб за некои од неговите состојки.

4. Исландски лишаи – Достапни се и лекови кои содржат исландски лишаи. Покрај омекнувачко и антитусивно дејство, некои од неговите состојките – цетрарова и протоцетрарова киселина – имаат и антибактериско дејство. Ова го прави особено погоден при бактериски инфекции на горните дишни патишта.

5. Лист од бршлен – Бршленот е зимзелена грмушка со катерливо стебло, добро познато украсно растение. Она што многумина не го знаат, сепак, е неговиот хемиски состав. Во лисјата се содржат тритерпенови сапонини, кои имаат олеснително и искашлувачко дејство при бронхитис и дишните патишта. Фармаколошки дејството е добро документирано и во аптечната мрежа постојат лекови добиени од екстракти од бршлен.

6. Корен од иглика – Тритерпеновите сапонини содржани во корените и стеблото од иглика, исто како оние на бршлен, имаат искашлувачко дејство. Се применуваат во форма на пареа. Освен тоа, тие содржат и салицилна киселина, која има антивоспалително, аналгетично и температурно намалувачко дејство, што ги прави многу погодни при воспалителни заболувања на горните дишни патишта, придружени со кашлање и фебрилитет.

7. Корен од сапунче – Содржи сапонини, кои освен искашлувачко имаат и диуретично и патогоно дејство. Се користи како пареа или ладен екстракт при бронхитис, фарингитис и др. Предозирањето треба да се избегнува, бидејќи може да доведе до гадење, повраќање, дијареа, тремор и др.

8. Сладок корен (сладник) – Поседува сложен хемиски состав, и има фармаколошки ефекти. Сапунините имаат искашлувачко дејство и се употребува во форма на пареа или екстракти. Се применува и во форма на голем број на стандардни состави со противокашлично дејство. Глициризиновата киселина има антиинфламаторно и хепатопротективно дејство.

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …