22.01.2022
Почетна / Градина / Вести / Кога треба цвеќињата да се полеваат во затворени простории

Кога треба цвеќињата да се полеваат во затворени простории

Како се регулира водниот режим на почвата? Утврдено е дека за многу растенија е потребно 1,5 – 2 пати повеќе вода од она количество што тие го добиваат преку врнежите. Водниот режим на почвата се регулира главно кога водните резерви се пополнуваат преку полевања. Со наводнувањето не само што се обезбедува потребната вода за растенијата, но се засилува и размената на почвата со воздух од амбиентниот. Оптималната полска влажност (ОПВ) е количеството на вода што се задржува трајно во почвата по обилно нејзино полевање. Оптималната земјишна влажност за повеќето декоративни видови кои се одгледуваат на отворено, е 70 – 80% од ОПВ. Прекумерното наводнување исто е штетно, бидејќи се мијат хранливите материи, се влошува аерацијата на почвата и нејзиниот топлотен режим, се зголемува и киселоста на почвата.

Како да се обезбеди потребната влажност на земјиштето? Ако се комбинира количеството на влажност во почвата со таа од паднатите дождови за потребите на растенијата од вода, ќе се види дека тоа е доволно не само за растенијата, но и за покривање на трошоците за нормално испарување од површината на почвата.

Во пракса, сепак растенијата го чуствуваат недостигот на вода, што се објаснува со огромните за губи на вода од истекот во реките и езерата. Навлегувањето на водата во почвата и нејзиното зачувување зависат пред се од состојбата на почвата. Ако почвата е роква, целото количество вода паднато преку дождовите продира во неа. Испарувањето од богати и тампон почви е крајно ограничено.

Резервите на вода во такви почви се приближно 85% од вкупната вода. За задржување на водата во почвата значење има и рељефот на површината. На пресечени и навалени терени водата не успева целосно да навлезе во почвата. Снегозадржувањето е важен начин за потребите од вода. Неопходни мерки за акумулација на вода во почвата се: обработка, мулчирање, борбата против плевелите и др. За повеќето цветни култури подземните вода не треба да бидат поблиску од 2 метри од површината на почвата. За потребите на растенијата од вода се јавуваат бројни услови – густина на садење, хабитус на растенијата, период на развој, лисна површина и др.

Каква треба да биде водата за наводнување на цвеќињата? Водата која се користи за наводнување на цвеќето, не треба да содржи штетни материи. Најпогодни за наводнување се речните води. Подземните води често содржат многу соли во концентрација, штетна за цвеќињата. Води кои содржат повеќе вар и магнезиум, не одговараат за наводнување на циклами, хортензии и др.

За да се направи тврдата вода помека, се додава оксалова киселина по 22,5 мг на 1 л вода. Температурата на водата за наводнување треба да биде блиска до температурата на воздухот. Студената вода го попречува развојот на растенијата.

Со канта се полива за одржување на влажноста во леи, во кои се насеани семиња или се никнати млади растенија, за миење на листовите од декоративните видови. Со црево се полеваат цвеќињата на мали површини, обично во домашната цветна градина. Со млаз вода се полеваат цвеќињата на големи површини.

Види

Облечен во црвена маица го разлути бикот: Еве како бикот успеа да го пробие кафезот

Облечен во црвена маица овој човек мислеше дека ќе биде во центарот на вниманието на …