Почетна / Градина / Вести / Кога и каква храна да им дадете на растенијата

Кога и каква храна да им дадете на растенијата

Земјата е извор на храна, а нејзиниот квалитет зависи од механичкиот, биолошкиот и од хемискиот состав. Најголемиот дел од растенијата, особено цвеќињата бараат растресито земјиште. Тоа задржува големо количество влага и воздух, што е исклучително полезно за микроорганизмите, кои се најголеми разнесувачи на хранливите материи во растенијата.

Квалитетот на растреситата земја се добива со длабинска и површинска обработка на почвата, а хранливоста се подобрува со ѓубрење.

Во периодот на раст и развој на стеблото и на листовите, растенијата имаат потреба од поголемо количество азот. Кога цветаат и раѓаат, бараат повеќе фосфор и калиум.

Азотот им се додава на растенијата кога тие интензивно растат и се развиваат, најчесто напролет. Ако недостига овој елемент, растенијата доцнат со растот и развојот. Цветовите, плодовите и листовите, се ситни и ли закржлавени. Исто така надземните делови на билките побавно се развиваат во однос на подземните.

Фосфорот и се додава на почвата во текот на формирањето на цветовите и плодовите. Неговиот недостиг доведува до општа слабост и застој во растот на сите делови на растението. Листовите најчесто пожолтуваат по рабовите, а по кусо време и паѓаат. Калиумот и се додава на почвата заедно со фосфорот. Овој елемент учествува во формирањето на цветовите и семето, а се смета дека ја зголемува и отпорноста на растенијата на растенијата од измрзнување.

Цвеќињата се особено чувствителни на киселоста на почвата. Хортензијата е вистински скенер на хемиските реакции што се одвиваат во земјата. Доколку е посадена на кисела почва, нејзините цветови се со сина боја, а на слабо кисели розови. На неутрално и базно земјиште, хортензијата има интензивно розови цветови. Киселоста на земјиштето може да се неутрализира со додавење вар.

Види

Како да исечете диња на убави коцки (Видео)

Дејвид Бишоп во еден од своите видеа демонстрира како без многу мака можете да ја …