Почетна / Градина / Храна / Кое овошје и зеленчук има најмногу пестициди?

Кое овошје и зеленчук има најмногу пестициди?

Доколку не е покриен со карамела или е дел од некоја пита преполна со шеќер, многу е тешко да помислите дека јабокото не е добро за нашето здравје, меѓутоа, можеби би требало уште еднаш да подразмислиме кога ова тврдење е во прашање.

Непрофитната организација Работна група за човекова средина објавила листа на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди. Пестицидите се поврзани со бројни здравствени проблеми, посебно со оние што се однесуваат на развојот на децата.

Тие исто така се канцерогени и го нарушуваат односот на хормоните во телото, судејќи според Агенцијата за заштита на животната средина во Америка.

Погледнете ја листата на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди:

Јаболки Тестираните примероци на јаболки покажале траги од пестициди во 99 отсто случаи.

Јагоди Јагодите се нашле веднаш под јаболката според количината на пестицидите која што е присутна.

Грозје Во само едно зрно грозје се пронајдени 15 различни пестициди.

Целер Во примероците на целерот се пронајдени 13 различни видови пестициди.

Праски Тие според бројот на пронајдени пестициди се наоѓаат на 5. место.

Спанаќ Спанаќот е исто така мошне изложен на пестициди.

Црвена пиперка – бабура Во овие пиперки се пронајдени дури 15 различни видови пестициди.

Нектарина Секој примерок од нектарините увезени во Америка бил позитивен на пестициди.

Краставица Краставицата се нашла на деветото место кога е изложеноста на пестициди во прашање.

Компир Просечен компир има значајно поголема количина пестициди по тежина од кој било друг вид овошеј и зеленчук.

Шери домати Шери доматот бил позитивен на 13 различни видови пестициди.

Извор: плус инфо

Види

Најздравата диета: Диета со јаболка или здраво губење килограми

Диетата заснована на три јаболка дневно ја смислила американската нутриционистка Теми Флин. Нејзина идеа е …