Почетна / Градина / Кивано – овошјето со вкус на банана, киви и диња

Кивано – овошјето со вкус на банана, киви и диња

Киваното е едногодишно растение, кое потекнува од Африка. Кореновиот состав е разгранет на самата површина на земјиштето, додека стеблото е многу разгрането.

Интересно е тоа што стеблото може да достигне должина и до 15 метри, а од едно стебло се добиваат неколку килограми плодови. Плодот на киваното има многу спрецифичен изглед, бидејќи е прекриено со боцки, па уште се нарекува боцкава диња, потсетува и на средновековно оружје.

Но, сепак под неугледната надворешност се сокрива зелена плацента која го преставува делот на плодот, кој се јаде. Има благо ароматичен вкус, кој може да се дефинира како „спој“ на банана, лимон, киви и диња. Со тоа киваното веќе полека и се одомаќинува како специјалитет во Европа и се сервира како десерт, сладолед или во овошна салата. Киваното може да се одгледува и во нашите краеви. За одгледување му одговараат услови слични на краставицата, само што плодовите на киваното се многу повкусни и послатки.

На киваното му одговара температура од околу 25°C, односно температурата која што постои во класичните стакленици и стаклениците под фолија за одгледување на краставица и диња. Не поденсува мраз, па затоа расадот го садиме надвор и тоа после пролетните мразови. Плодовите на киваното достигнуваат полна величина по околу 4-5 недели. Во текот на зреењето бојата им се менува од зелена, преку жолта во портокалова, а расте и содржината на сувите материи и редуктивните шеќери, а паѓа количината на киселината. Квалитетот по зреењето заостанува од квалитетот постигнат пред 3-4 недели на растението.

Види

Колку чини „изнајмување“ пчелно семејство за опрашување во Канада?

Канада е светски лидер во производството на семе од репка. 300.000 пчелни колонии се вклучени …