Во борба против големото загадување, Кина започна да ја гради првата „вертикална шума“ во Азија коа ќе призведува 60 килограми кислород на ден.
Во рамките на проектот „Нанџинг Зелени кули“ ќе бидат зградени два облакодери кои ќе бидат во висина од 200 метри. Повеќе од 1.000 дрва и 2.500 билки ќе ги окриваат терасите н кулите, на сличен начин како што се направени познатите „Боско Вертикале“ во Милано.
Зеленилото ќе покрива површина од 6.000 квадратни метри, а се очекува да апсорбира 25 тони јаглен диоксид секоја година.
На повисоката зграда на осмиот од 35 катови ќе се наоѓа и деловна просторија, а ќе има и музеј, школо за „зелена архитектура“ и приватен клуб на врвот. Во пониската зграда ќе биде сместен луксузен хотел од 247 соби, а на кровот ќе има базен.
Завршување на изградбата се очекува во 2018 година.
Позади овој проект стои истиот тим на архитекти што ги градеа кулите во Милано и во Лозана, Швајцарија.