29.03.2024
Почетна / Uncategorized / Карпош победник во Изборот на Најеко општина 2020

Карпош победник во Изборот на Најеко општина 2020

Скопската Општина Карпош е победник на „Изборот за Најеколошка општина“ за 2020 година, преку конкурсот кој традиционално го распишуваат Пакомак и Балкан еко институт. Покрај Карпош како победничка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа уште Општина Кочани и Општина Крива Паланка. Сите три општини ќе бидат наградени од страна на Пакомак и Шпаркасе Банка за нивните исклучителни резултати постигнати во текот на минатата година.

Финалното оценување на конкурсот беше спроведено преку неколку претходно пропишани критериуми, меѓу кои: количината на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата, број на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини, висината на средства во општинскиот буџет предвидени за екологија во тек на 2020 година, бројот на реализирани еко-проекти и бројот на јавни кампањи спроведени од општината за подигање на свеста за екологијата. Во предвид беа земени резултатите постигнати до 31.12.2020.

Општините Карпош и Кочани како прво и второ рангирани општини ќе добијат детски игралишта изработени од еколошки матерјали, а Општина Крива Паланка како треторангирана ќе добие садници.

Традиционалниот конкурс за Најеко општина кој го распишуваат Пакомак и Балкан еко институт заедно со поддршка на Шпаркасе Банка има за цел да ги мотивира општините и локалните самоуправи активно да работат кон обезбедување на здрава и чиста животна средина, но и да ги награди оние кои се истакнуваат во тој поглед. Сите награди и донации кои ги добиваат најдобро рангираните општини се во корист на заедницата, наменети за обновување и збогатување на локалната инфраструктура.

Види

Градинарство во Зима

Со оглед на последните временски заладувања ќе се потрудиме да ви понудиме неколку совети како …