Почетна / Градина / Каранфилот е одличен имуностимуланс

Каранфилот е одличен имуностимуланс

Каранфилот Dianthus е моќен имуностимуланс и антиоксидант. Со приближувањето на зимата имуниот систем често е единствената пречка за тоа да бидеме здрави или болни.

Затоа е добро да знаеме дека не само специфични и ретки растенија, но и некои од зачините кои ги имаме во својот дом, може да ни го зајакнат имунолошкиот систем, и воедно да не заштитат од различни инфекции и болести.

На прво место е дефинитивно лукот, но нема да запреме детално врз неговите квалитети, бидејќи тие се добро познати на читателите.

Каранфилот е познат како зачин од дамнешни времиња, а придобивките за здравјето на каранфиловото масло можат да се оддадат на неговите антимикробни, антисептички, антивирусни и стимулативни својства.

Маслото се користи за лекување на различни здравствени проблеми, вклучувајќи забоболка, лошо варење на храната, кашлица, астма, главоболки и стрес. Лековитите својства не запираат тука, туку тој е и моќен имуностимуланс и антиоксидант.

Една супена лажица од ратенијата киснат 10 минути во 250 грама топла вода. Се пие 3 пати дневно по 80 грама пред јадење.

Види

Растението кое достигнува раст од 60 метри во текот на една сезона

Кудзу е вид јапонски ползавец, главно употребуван при заштита на земјиштето од ерозија. Може да …