Додавањето лековити треви во купките ќе го направи несекојдневен ритуалот на разубавување и опуштање.
Капење со чај од камилица
Камилицата делува смирувачки и претставува идеално средство за смирување на акни на лицето и грбот. Затоа многу често се употребува во козметиката.
Борови иглички за масна кожа
Боровите иглички имаат повеќекратна улога – ја намалуваат психичката напнатост, го поттикнуваат крвотокот и делуваат освежувачки.
Полско цвеќе за опуштена кожа
Екстрактот од полско цвеќе ги опушта мускулите и ги ублажува болките. Исто така, делува на уморната и опуштена кожа која по капењето станува свежа и румена.
Рузмарин за секој вид кожа
Ако сте изморени, најдобро е да изберете екстракт од рузмарин бидејќи тој е најефикасен за оваа намена. Го поттикнува крвотекот, а со тоа ја оживува кожата.
Див костен
И дивиот костен има освежувачко дејство , ги одмора изморените нозе, ги јакне крвните садови и го ублажува застојот во нив.