Алпака е припитомен вид на јужноамерикански животни од фамилијата Камили. Физички наликува на мала лама. Овие животни живеат во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3500-5000 метри. Таа има многу ценета волна поради квалитетот и количината што може да се добие. Кога станува збор за овие животни, налетавме на видео во кое може да видите како една фамилија за милениче чува претставник од овој вид.
