28.03.2024
Почетна / Градина / Календар за Ноември во градинарството

Календар за Ноември во градинарството

За да се уништат презимните форми на црвите и другите видови од Лепидоптера, потребно е да се изгреби, отстрани и изгори старата кора на стеблата и на подебелите гранки од дрвата.

Ова треба да се направи со тап нож, за да не се оштети здравото ткиво под кората.

Препорачливо е во овој период од овошните насади да се искорнат, отстранат и изгорат садниците кои што биле заразени од апоплексија, бактериози, вирусни болести и сл. Бидејки доколку останат во овошните градини тие претставуваат извор на заразни болести.

Задолжително треба да се испрска со бакарни препарати за превенција од кадравост на листот кај праската, рано кафеаво гниење и сл. Доколку тоа не е направено во текот на месец октомври.

Пред појавата на зимските мразеви препорачливо е стеблата на младите садници да се обвиткаат со хартија, полиетиленско платно и др. Материјали, како заради заштита од студот, така и заради заштита од зајаци и други глодари.

Стеблата и дебелите гранки треба да се премачкаат со раствор од 2,5кг гасена вар и 0,5кг син камен, заради спречување на пукање на кората во текот на зимата.

Испразнатите градинарски површини се чистат од растителните отпадоци. Потоа се врши ѓубрење со комбинирано ѓубриво и длабоко орање. При последната обработка на почвата препорачливо е да се истретира со регистриран почвен инсектицид против нематоди и други штетни инсекти и со хербицид против плевели. Потоа почвата се покрива со фолија, а после една недела фолијата се отстранува и по 2 – 4 недели почвата повторно се обработува. Доколку температурата е над 10 степени, обработката се врши порано.

Зимските култури може да се посадат по 20 дена. Овај третман се прав и еднаш на 3 години.

Оранжериите до 1 декар препорачливо е да се испрскаат со 1% раствор од
формалин, по што оранжеријата се затвора на 1-2 денаа после се проветрува. Во оранжериите каде што има и правилно функционира инсталацијата за проветрување, формалинот се внесува преку не и тоа околу 60 литри за 3000 метри кубни воздушен простор. Оранжеријата се затвора 1-2 дена и потоа се проветрува.

На почетокот на месецот се врши сеидбата на доматите и краставиците за зимското, оранжериско производство, при што семето треба да биде деконтаминирано.

Сеидбена норма:
-Домати
–30гр. или 4000 растенија на хектар
-Краставици
50–60гр. или 2200 растенија на хектар
-Пипер
–120–140гр. или 4000 растенија на хектар.

АПРЗ

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …