18.04.2024
Почетна / Градина / Каланхое – лек во саксија

Каланхое – лек во саксија

Многу растенија со лековити својства можат да се одгледуваат во домашни услови за да ви се при рака кога ќе ви бидат потребни. Каланхоето е едно од нив. Неговите лековити својства биле познати уште во длабока древност.

Можете да го одгледувате во саксија и така цветот ем ќе краси вашиот дом, ем ќе ви помогне во случај на потреба.

За лековити цели се користат сокот од каланхое и каланхое игличките, кој се содржи во листовите и стеблата.

Тој е богат со многу биохемиски компоненти, од кои преовладуваат полисахариди, катехини, флавоноиди, тен материи, ферменти, аскорбинска киселина, јаболкова, лимонска, оцетна и оксалова киселина.

Содржи и многу микроелементи како алуминиум, железо, калиум, калциум, силициум, манган и бакар. Сокот поседува противвоспалителни својства, помага за оздравување на раните од различна природа, вклучувајќи изгореници.

Поради бактерицидно дејство раната брзо се чисти од гној и заздравува побрзо. Сокот е силен стимулатор за регенерација на ткивата, како во човечкиот организам, така и кај животните и растенијата.

Види

Ова растение го има во нашата држава – Tоа е вистинско богатство за здравјето

Коњско опавче или пршлика е род на васкуларни растенија кои се размножуваат со спори наместо …