Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува

Какво време не очекува

По доста бурниот викенд кој го услови моќниот циклон АЛЕКСЕЈ времето се смири и релативно се стабилизира иако денес (понеделник) локално поради нешто повеќе облачност ќе има услови за сосема слаб дожд, пишува Метеомакс.

Потоа до среда ќе имаме стабилно, суво и топло пролетно време односно времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец кој особено Долж Повардарието и на исток и тоа особено утре (вторник) ќе се засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст па така истите ќе се искачуваат во интервалот утре (вторник) од 15 до 21 степен додека во среда од 18 до 24 степени.

Токму значителниот пораст на температурите на воздухот ќе условат забрзано и значително топење на снежната покривка на планините.

Види

За квалитетен род, навреме заштитете го расадот

Заштита на младиот расад од болести и штетници се врши секогаш превентивно. Заштита во расадопроизводството …