24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува во текот на оваа недела

Какво време не очекува во текот на оваа недела

После неколку дневните серии на нестабилности, од денешниот ден (понеделник) над подрачјето на Македонија ќе започне дејството на антициклон со поле на висок воздушен притисок. А тоа подразбира дека ќе имаме стабилизација на временската состојба во Македонија. Денес (понеделник) во добар дел од Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со мала локална облачност и топло време. Попладне исклучок понекаде ќе бидат планинските подрачја каде наместа се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Преку денот ќе биде и ветровито со умерен а понекаде и повремено засилен ветер. Максимумот за најтоплиот дел од државата ќе се искачи и до околу +36 степени.

Потоа, почнувајќи од денот вторник од југ кон добар дел од Балканскиот Полуостров ќе се предвижува значително потопла воздушна маса што ќе овозможи вистинско летни температури на воздухот. Па така средината на следната седмица како и према крајот на истата судејќи според сегашните метео прогнозистички материјали Балканот го очекуваат речиси тропски температури. Меѓутоа особено од овој Африкански бран најпогодени се очекуваат да бидат јужните делови од Балканот, меѓу кои и Албанија, добар дел од Србија, Македонија, Грција и делови на Турција, каде се предвидени и температури од околу па и над +40 степени. Жешко ќе биде сепак и во остатокот од Балканскиот Полуостров.

Во Македонија скоро до крајот на неделата не се предвидени врнежи, што значи дека кај нас ќе имаме претежно сончево и многу топло време, ќе биде доста спарно. Максималните дневни температури од средината на неделата ќе се движат во просек од +29 до +40 степени. Ќе имаме и висока вредност на УВ индексот кој ќе изнесува со коефициент (9). Па така во период од 11 до 16 часот, без било каква потреба да не се изложувате на директна сончева светлина или зраци, пијте што повеќе течности особено вода и сл.Метео прогнозистичките модели од сега гледано дават сигнали за можна нова постепена дестабилизација на атмосферата во Македонија некаде од следниот викенд, а доколу прогнозите бидат устрајни првата недела од следниот месец може лесно да ни донесе нова, поголема и бурна дестабилизација на времето. Но бидејќи дека периодот е далечен, простор за промени во прогнозите и тоа како може да има и се очекувани. Како и да е подгответе се за тропски бран.

Подготви: #DenisMuhovic

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …