29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува следните неколку денови

Какво време не очекува следните неколку денови


Над нашето подневје владее добар и широко распространет антициклон со високо поле на висок воздушен притисок, и токму поради сето ова имаме стабилни и суви временски прилики во Македонија.

Синоптичката состојба во деновите потоа ќе биде колку толку променета, а сето тоа би се должело благодарение на самиот продор од облаци кој ни доаѓа првенствено почнувајќи од запад.

Денес очекуваме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Најверојатно до крајот на овој ден би требало врнежите да престанат, ако не и порано од веќе очекуваното.

Во следните денови очекуваме и пораст на температурите на воздухот во Македонија, па така следната седмица дневните максимуми ќе се искачат од +5 до +13 С, додека во најтоплите делови од земјава таа би можела да има и вредност од околу +15 С. Што е навистина висока како за овој период од годината, и не е нешто што не ни се случувало и во изминативе години. Следната седмица исто така ќе ни биде променлива, врнежите ќе бидат локализирани и повеќе застапени во западните предели на државата. Прогнозистичките модели засега не даваат никаков знак за тоа дека би можеле да имаме некоја права вистинска зима во блиска иднина. Значи без снег и некој жесток поларен студ остануваме и во наредните 7 до 10-тина дена. Како и да е ние континуирано ја следиме состојбата, а за секоја ново настаната состојба ќе бидете известени навремено. Имајте убава и пријатна вечер.

Временскиот извештај го анализира и подготви: Denis Muhovic

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …