Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува денес и наредните денови

Какво време не очекува денес и наредните денови

После вчерашниот фронтален систем кој всушност во моментов е застепен низ Македонија и носи бран врнежи, ветер и снег на повисоките планини, од денешниот ден пак временските прилики се враќат во нормала, односно ќе се стабилизираат.

Па така почнувајќи постепено од денешниот ден (среда) над нашето подрачје ќе расте полето на висок воздушен притисок (антициклон) што ќе ни донесе одново стабилизација на временската состојба. Ќе имаме ветровито и малку посвежо време со умерен до засилен северен ветер, ќе имаме и променлива облачност но со сончеви периоди. Температурите ќе бидат сепак во рамките на просекот како за овој дел од годината. Наутро сепак релативно студено.

Од четврток, па во деновите потоа од југ или поточно од Медитеранот, кон територијата на Македонија како и во поголем дел од Балканскиот Полуостров се очекува да ни дојде осетен и поголем прилив на значително потопол воздух. Што ќе ни донесе поголемо затоплување на времето и пораст на температурите кои ќе имат вистинска пролетна, па дури и рано летна вредност низ делови на државата. А времето ќе се задржи претежно сончево и стабилно без изгледи за врнежи и доста топло време со мала локална облачност. До крајот на следниот викенд можно е максимумот за Македонија да достигне вредност и до околу +28 С. Убави и идеални временски услови се пред нас, штета што врз основа на веќе моменталната состојба неможеме намира да го искористиме оваа убаво време кое ни претстои. Па така за доброто на сите нам ни преостанува да издржиме уште некое време, да седиме дома и да си го чуваме колку толку здравјето.

Според сегашните податоци на метео прогнозистичките модели, изгледи за нова промена на синоптичката состојба во Македонија е изгледна некаде од 20 / 4, или поточно некаде во текот на третата декада од овој месец, кога е на видик активна атмосфера со зачестени наоблачувања но и врнежи од дожд. Се следи состојбата а за секоја ново настаната состојба за тој период ќе бидете известени навремено. Нови детали сепак наскоро.

Подготви и анализира: #DenisMuhovic

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …