Над Македонија веќе доминира веќе долго најавуваниот антициклон кој е со исклучително поле на висок воздушен притисок, што во најголем дел од земјава придонесува сончево и стабилно време и релативно топло како за овој дел од годината, пред се ова е особено забележано низ повисоките планински предели и планините каде е и најтопло и најсончево. Низ повеќето котлини и речни долини се забележува појава на магла и ниска облачност која се задржува во најголем дел од денот или па речиси преку целиот ден, па така подрачјата кои се опфатени со магла и ниска облачност тука е и постудено. Ова појава веќе беше и очекувана а воедно и најавувана од наша страна итн.
Во текот на денешниот ден (среда) ќе преовладува магливо и постудено останува и понатаму низ котлините, додека многу потопло со сончеви периоди ќе имаме низ планините и некои планински подрачја. Идентична синоптичката состојба ќе биде најверојатно и во четврток, при што постепено истата ќе започне постепено и да се менува како резултат на новата промена која ни се наближува некаде од петок, па во деновите од викендот.
Значи од петок, како и за време на следниот викенд како резултат на нова ЦИКЛОНСКА активност се очекува нова промена на времето, која носи ново наоблачување од запад а со тоа и нова серија на нови влажни бранови. Па така времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, добро е тоа што ова промена ќе придонесе до расчистување на маглата што ја имаме низ котлините, бидејќи ќе започне да дува и повремено умерен јужен и југозападен ветер, што може и да засилува на интензитет. Температурите нема да бидат во некоја голема особена промена и сл.
Како и да е МАГЛИВОТО време продолжува до четврток низ котлините во Македонија, сите кои го посакувате сонцето искористете го тоа некаде на прошетка низ природа на повисоките планински предели и планини бидејќи таму ќе биде потопло и сончево, а од петок па натака на видик е дожд. Нови детали секако наскоро. Следете не !
Подготви: Denis Muhovic
gradina.mk Gradina