19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува денес?!

Какво време не очекува денес?!

Денес (среда) очекуваме облачно и врнежливо време во добар дел од државата, локално со пообилни врнежи од дожд, постојат шанси и за нестабилност со грмежи и врнежи од пороен карактер и засилен ветер. Вечерва, ноќта пред нас и дел од утрешниот ден очекувајте и повремено засилен ветер кој може да има удари од над 80 км/ч. Температурите ќе бидат релативно малку високи, од вообичаените како за овој дел од годината.

Од сега гледано четврток делува како постабилен ден со подолги сончеви периоди, но не за долго. Од петок или сабота во исчекување сме на нова промена, што ни ја носи новата СРЕДОЗЕМНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ и ќе ни донесе нова дополнителна серија на влажни воздушни бранови. Се на се пред нас е доста променливо и локално нестабилно време, но секако нема да фалат и сончевите периоди. Нови детали секако наскоро, следете не!

Подготви: Денис Муќовиќ

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …