Почетна / Совети / Кактус Ешеверија – Echeveria

Кактус Ешеверија – Echeveria

Ешевериите се едни од најчесто одгледуваните сукуленти, но малкумина го знаат нивното вистинско име.

Повеќето љубители ги нарекуваат погрешно со името кактуси, а малкумина ги познаваат како пустински рози или дебелата Мара.

Растението е од сем. Дебелецови. Неговата татковина е Мексико. Постојат многу цветови со форма на звоно, од 1 до 5 cm во дијаметар, густи, обложени со восок или со мов, слично на листовите. По боја се од бледо жолтеникави до портокалово-црвени, а од надворешната страна светли. Листовите се месести и имаат форма на розети.

Достигнува големина до 30 сантиметри и живеат на рамнини и планински висорамнини, каде температурите често се ниски. Листовите се сиво-зеленикави, со различни нијанси. Восокот на стеблото, како и мовта по листовите, го штитат растението од сончевиот припек и од мраз. На добра сончева светлина восочниот слој се здебелува, поради што листовите добиваат сиво-бела или синкаво-сина боја, а рабовите и врвовите поцрвенуваат.

За секој вид е карактеристична одредена количина листови, додека пак купиштата паднати листови поради неповолните услови во зима, растението си ги враќа во топлиот период. Повеќето ешеверии имаат силно стебло.

Цветаат од март до јули. Сакаат исклучиво многу сонцето. Во текот на летото расте добро и на балконот. Температурата во просторијата не смее да падне под 15 степени.

Малите странични розети се одделуваат од растението и се ставаат директно во почва, збогатена со малку ѓубриво и по можност премесена со песок.

Растението е сака многу светло.

Не се полева директно, туку само почвата или се става вода во подлогата. Водата не смее да стои долго, бидејќи корените лесно можат да изгнијат. Кога се пресадува, добро е да се стави малку глина и песок во почвата.

Се наѓубрува 2-3 пати во текот на пролетта и летото со растворливи органски или минерални ѓубрива.

Во жешките денови лисјата почнуваат да се собираат, што покажува дека на растенијата остро им треба наводнување. Во зима мирно издржуваат ниски температури во просторија – под 10 степени. Во минатото ги нарекувале “Студеничанки”. Во домашни услови должината на стеблата и густината на лисја зависат од осветлувањето. На јужни и источни места во собата стеблата растат бавно и лисјата во нив се сместени компактно. На западните и особено на северни прозорци рано напролет растенијата почнуваат да се повлекуваат, бидејќи вегетацијата започнува на слабото сонце. Таму растенијата не цветаат, додека на јужните прозорци речиси сите видови цветаат еднаш годишно.

Види

Како да изработите неверојатни минијатурни градини (Видео + Фото)

Како да изработите неверојатни минијатурни градини