29.03.2024
Почетна / Градина / Кактус – Coryphantha echinoidea

Кактус – Coryphantha echinoidea

„Coryphantha echinoidea“ припаѓа на фамилија Кактусови, а води потекло од Мексико (Гуанахуато, Нуево Леон, Дуранго). Овие кактуси имаат јајцевидна форма со темно-сиво-зелена боја.

Достигнува до 6 cm во височина. Имаат до 5 сиви или црвени жлезди кои испуштаат нектар што ги привлекува мравките. Ареолите се овални или округли, прекриени со филц, кој паѓаат со текот на времето.

Имаат 1-3 централни боцки, до 2 см долги. Радијалните боцки се 20-25 и се распоредени на два реда по работ на ареолата, прави, жолто-кафени кои достигнуваат и до 1.5 см во должина.

За одгледување се прилично лесни, а најдобро е да се користат стандардни супстрати за кактуси при пресадување.

Потребно е да има добра дренажа на дното на саксијата. Бараат светло, а се чувствуваат добро и на делумна сенка, но местото да биде добро проветрено. Се наводнуваат редовно и умерено во летната сезона. Бараат температури не пониски од 10 ° C. Се размножуваат со помош на семе.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …