19.04.2024
Почетна / Градина / Како успешно да лекувате синуси

Како успешно да лекувате синуси

Овие билни напивки лекуваат синусит и дишењето станува подобро. Синузитис е воспаление на околоносните шуплини (синуси).

Се појавува најчесто од вируси и бактерии, но може да биде предизвикан и од алергии, од повреди, а многу ретко и од печурки.

Синузитисот е инфекција на горните дишни патишта, која најчесто се јавува како компликација на акутен ринитис или повеќе познат како настинка. Овие растителни напивки лекуваат синузитис и дишењето станува полесно!

7 цветови од домашен каранфил и 7 цветови од тегавец се варат во 200 мл вода во тек на 10 минути. Кога ќе се излади запарката се прецедува. Од неа се капнува длабоко во ноздрите по 3 – 4 капки, по што е пожелно да се исекнете. Се прави наутро и навечер.

Во сад со 1 литар ладна вода се ставаат 1 лажица камилица, 2 лажици мајчина душица, 1 лажица камшик и 6-7 см сплитка од лук. Садот се става на оган додека зоврие водата, а потоа се вади настрана. Над него се прави инхалација во тек на 10 минути секоја вечер пред спиење. Потребни се најмалку 20 инхалации, за да има третманот ефект. Може да се повтори повторно по едномесечната пауза.

Пред употреба задолжително консултирајте се со вашиот лекар!

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …