28.03.2024
Почетна / Градина / Како светските познати паркови: Погледнете ги 4.те идејни решенија за паркот во Карпош

Како светските познати паркови: Погледнете ги 4.те идејни решенија за паркот во Карпош

Новиот градски парк што започна да се создава крај реката Вардар во Карпош 4, наскоро ќе започне да го добива својот препознатлив лик. На конкурсот што беше распишан минатиот месец пристигнаа 19 идејни решенија, а мешовитата комисија на Град Скопје и Општина Карпош издвои четири од нив како најкреативни, иако ниеден од трудовите не ја доби првата награда.

Четирите наградени трудови (две втори и две трети награди) се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини.

Врз основа на зададените критериуми на конкурс бр.01599/2020 за идејно решение за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за парк во Општина Карпош, дел од Градска Четврт З 01, и тоа:

–         Целосно почитување на програмските барања;

–         Изводливост и одржливост;

–         Инвентивност во пристапот на обликување;

–         Економичност на решението;

–         Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и хортикултурно уредување на паркови;

оценувачката комисија по деталното разгледување на сите 19 пристигнати трудови заклучи дека ниту еден труд во потполност не ги исполнил зададените критериуми и програмските барања и одлучи да не се додели прва награда односно да се доелат две еднаквовредни втори и две еднаквовредни трети награди.

На приложените трудови со шифри Скупи и Ширит им се доделува втора еднаквовредна награда, а на трудовите со шифрите Пинктинк и Ленти им се доделува трета еднаквовредна награда. Наградниот фонд од 10.000 евра ќе биде соодветно поделен помеѓу авторите на четирите решенија.

Согласно законските одредби, Град Скопје ќе пристапи кон изработка на основен проект за паркот во чиј процес планира да ги повика на учество и авторите на четирите наградени решенија.

Погледнете ги идејните решенија и фотографии на следната страна:

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …