02.11.2024
Почетна / Градина / Животни / Како со помош на штурците да ја пресметате температурата во воздухот

Како со помош на штурците да ја пресметате температурата во воздухот

Можеби сте забележале дека интензитетот на звукот од штурците во природата никогаш не е постојано ист, туку зависи од температурата на воздухот.

Меѓутоа, она што сигурно не сте го знаеле е тоа дека таа меѓусебна зависност на звукот на штурците од температурата на воздухот е толку прецизна што штурците можат да се користат како природни термометри.

Постои дури и таканаречен Долбеаров закон кој во 1897 година го дефинирал Амос Долбеар, американски физичар и иноватор, а кој јасно ја утврдува спрегата помеѓу динамиката на звукот од штурците и температурата на воздухот. Потребно е само да го изброите бројот на испуштени звуци на штурецот во една минута (N) и да го вметнете во едноставната формула:

T=10+(N-40)/7

Најдоверливи во мерењето на температурата на овој начин се северноамериканските штурци Oecanthus fultoni, но формулата апроксимативно важи и за обичните полски штурци. Ако горната формула ви е малку повеќе комплицирана за секојдневно практикување, можете да ја користите и поедноставната верзија:

T=5+N’

каде N’ означува број на звуци од штурецот за осум секунди.

Долбеаровиот закон, помеѓу другото, се споменува и во популарната хумористична серија The Big Bang во епизодата наречена The Jiminy Conjecture, во која Шелдон и Хауард се натегаат околу видот и името на штурецот кој влезе во станот на Шелдон. Во видеото подолу е дадена формулата која важи за мерење на температурата во фаренхајти.

Извор: weather4all.com

Види

Сладок сон со помош на растенијата според фенг шуи

Фенг шуи е античка кинеска вежба, која помага целиот наш живот. Тогаш се верува дека …