18.04.2024
Почетна / Градина / Храна / Како се подготвува крап на дојрански начин

Како се подготвува крап на дојрански начин

Еден од специјалитетите на Дојран е дојранскиот крап, кој го има само таму и се подготвува на посебен начин.

Состојки:

еден дојрански крап од 2кг
500 гр кромид, еден морков
300 гр свежи домати
една зелена пиперка
китка магдонос
сол, црн пипер, црвен пипер, оригано
брашно
маслиново масло

Подготвка:

Сечканиот кромид и морков се пржат. Се додаваат сечкана пиперка и домати. Се зачинува со сол, црн пипер, црвен пипер, и оригано. На крај се додава сечканиот магдонос. Исчистената риба се полни со фил и се става во земјен сад во кој има ставено од филот. Рибата се посипува со малку црвен пипер и брашно и се покрива со остатокот од филот.

Се става масло и се пече околу 30-40 минути на 250 Ц степени.

Уживајте во ова богато јадење со добра чаша вино!

Види

Десет причини зошто секој дeн треба да јадете портокали

На овие 10 начини портокалите помагаат на нашиот организам во борбата против болестите и штетните …