Почетна / Градина / Како сами да засадите и одгледате боровинки во вашиот дом!

Како сами да засадите и одгледате боровинки во вашиот дом!

Изберете место во вашата градина, кое е сончево, боровинките бараат многу сонце.

Доколку се одлучите да ја засадите во саксија, ширината на дното од саксијата треба да биде минимум 20 сантиметри.

Во садниците ставајте околу 10 сантиметри вода неделно.

За да ги заштитите од птици и инсекти, околу садницата ставете бамбус или мрежа.

Според научниците, една садница боровинка, може да дава плодови, дури и до 20 години. За таа цел, редовно плевете ја и одржувајте ја садницата.

Боровинките цутат малку подоцна, кон крајот на мај и поради тоа не страдаат од пролетниот мраз. Плодовите се берат најчесто во јули.

Најпрво нивната боја ќе стане сина, но не ги собирајте веднаш, туку оставете ги уште неколку дена. Знак дека може да се берат е, кога ќе ги допрете, самите да ви паднат во раце.

Извор: нмд.мк

Види

Задоволство е да ги имате овие цвеќиња во домот – Стефанотис (Stephanotis floribunda)

Задоволство е да ги имате овие растенија дома. Потекнуваат од oстровот Мадагаскар и затоа растението …