Почетна / Совети / Како сами да направите висечка саксија

Како сами да направите висечка саксија

Живеењето во мал стан не значи дека треба да се откажете од растенијата. Постојат десетици начини за да додадете зеленило да го украсите вашиот простор.

Кокедама е стил на јапонски бонсаи, кои нуди една убава и ниско одржувачка опција на било кој урбан градинар.

Чекор 1

Нежно истресете ја почвата од корените на вашето растение.

Ова е полесно да го направите кога почвата на вашето растение е малку сува.

Ако корените се цврсто обвиткани околу растението, нежно со помош на масажа истресете ја.

Чекор 2

Откако сте се ослободиле од почвата корените брзо натопете ги во вода на собна температура.

Што ќе ви биде потребно:

– Сенка или сонце во зависност од видот на растението.

– Сооднос 7:3 на тресет мов и Акедама (бонсаи почва). Измешајте ги мовта и почвата заедно, додадете малку вода доколку е потребно. Мовта Сфагнум е важна поради тоа што ја задржува водата како сунѓерот и гарантира дека корењата на вашето растение ќе останат влажни.

Види

Подигнување на дрворед на ореви

Подигањето на дрворед на ореви, првенствено покрај патишта, има големо стопанско значење. Оревот е погодна овошка …