Почетна / Градина / Вести / Како реагираат цвеќињата при промена на осветлувањето?

Како реагираат цвеќињата при промена на осветлувањето?

Што треба да се знае за светлото за одгледување цвеќе во затворен простор или во стакленици? Светлината е еден од најважните фактори во животот на растенијата, бидејќи само при достапност на светлина во листовите се одвиваат сите сложени биохемиски процеси на фотосинтезата, како резултат на кои од јаглерод диоксидот на воздухот, од водата и минералните материи се создаваат органски материи. При одгледување на цвеќе во затворен простор или во стакленици, парници и др. треба да се има предвид дека тие добиваат во сите случаи помалку светлина отколку растенија кои се одгледуваат на отворено. Кога сите други фактори за раст се во оптимум, со исклучок на светлината, растенијата го поминале физиолошкиот процес, почнуваат да растат, ја зголемуваат големината на лисните дршки, губејќи ја зелената боја, т.е. етиолират.

Под кои услови треба да се држат саксиските цвеќиња во првите денови од прибирањето? Одредувањето на времето за вовлекување на саксиските цвеќиња е од многу големо значење од две причини: прво, растенијата да останат што е можно подолго време на отворено и, второ, да се заштитат од оштетувања од раниот есенски мраз. Откако саксиските цвеќиња ќе се вратат во затворен простор или во стакленик, тие треба да се одржуваат на температура и влажност, блиски до температурата и влажноста во кои растенијата биле на отворено. Ова се постигнува со оставање на прозорците отворени, првично цело деноноќие, а подоцна и за помалку време за постепено прилагодување на растенијата на новите услови. Некои растенија реагираат многу остро на оваа промена. Пример лимонот ги фрла лисјата и заостанува во развој, што тоа не треба да се дозволува. Некои зимзелени растенија се држат во светли маста на температура малку над нулата. Такви се ловорово (дафиновото) дрво, лавровишнијата и др.

Види

Растенијата не чуваат од зарази

Денес изобилството од зеленило, рапределено во целиот дом, е сигурен знак дека во него живеат …