Почетна / Градина / Вести / Како од овошје и зеленчук да направите природни лосиони и маски

Како од овошје и зеленчук да направите природни лосиони и маски

Маските и лосионите за лице можете лесно самите да ги подготвите, и секако можат и да ја направат вашата кожа каква што посакувате: убава, мека и сјајна. Следат неколку начини како од овошје и зеленчук да подготвите производи за нега на кожата.

Тоник од краставица

Тоникот помага кај проблемот со масната кожа.

Исцедете сок од краставици и додадете една лажичка лимонов сок. Нанесете го на лицето од добиената течност и оставете го да делува 15 минути.

Маска од зелка

Во вода извесно време ставете неколку листови од зелка, а потоа во истата растопете една четвртина квасец и една лажица мед. Измешајте ја добро смесата и нанесете ја на лицето и вратот. Отстранете ја по 15 минути со памучна крпа. Оваа маска ќе ви помогне во спречувањето на брчки и ќе и дадете на кожата мек и свеж изглед.

Тоник од портокал

Измелете бадеми, па додадете две лажици млеко, една лажичка сок од морков, и една лажичка сок исцеден од портокали. Нанесете на лицето од добиената смеса и оставете да делува половина час. Така ќе имате лесна и мека кожа, без лузни.

Лосион од лубеница

Овој лосион може да го подготвите со помош на сок од лубеница. Тој ја освежува уморната кожа. Се што ви треба е да исцедите сок од лубеница па да го нанесете на лицето. Измијте се по 15 мин.

Тоник од јаболко

Измешајте една лажичка сок од јаболко и една четрвтина лажичка лимонов сок. Ставете ја на лицето и измијте по 20 мин. Така ќе се борите против масната кожа.

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …