Почетна / Градина / Вести / Како најефтино да го прочистите воздухот во домот

Како најефтино да го прочистите воздухот во домот

Како најефтино да го прочистите воздухот во домот? Ние ќе ви кажеме. Со растенија. Сега е вистинско време да допринесете за почист воздух во домот, со тоа што ќе одберете природна, наместо вештачка елка.

Новогодишната природна елка изгледа поубаво, на игличките се лепи прашината и нечистотиите и ефикасно го прочистува воздухот во домот, советуваат од градинарскиот центар ФОЈА. Тоа се живи дрвја со корени и земја, добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрвја и грмушки се лепат секакви прашини и нечистотии, и брзо и ефикасно го прочистуваат воздухот во домот. Новогодишната природна елка, секако ќе изгледа многу поубаво од вештачката и ќе го разубави вашиот дом.

Опција се и природни зимзелени дрвја засадени на прозорец, на балкон или околу влезот во домот, бидејќи во тој случај служат како штит од прашина и бучава, а придонесуваат и за квалитетот на воздухот. Потоа може да се насадат некаде надвор.

Во градинарскиот центар ФОЈА ќе најдете голем избор на различни декоративни садници кои со својот изглед, форма и боја едноставно воодушевуваат и се вистински украс во дворот.

Извор: Радар.мк

Види

Чудо: Рибарот спасил бела ајкула долга 6 метри : Погледнете како таа му се заблагодарува секој ден (Видео)

Арнолд Поинтер редовно лови покрај брегот на Јужна Австралија. Пред неколку години, тој забележал огромна …