Почетна / Градина / Како може да препознаете вистинско ладно цедено маслиново масло

Како може да препознаете вистинско ладно цедено маслиново масло

Иако ладно цеденото маслиново масло знаеме да го платиме и неколку пати поскапо, сепак не сме сигурни дека не сме добиле мешавина од соино или друго поевтино масло. Еве како да го препознаете оригиналното.

Тешко е да се утврди само по вкусот. Дури и стручњаците знаат да бидат збунети. Но, сепак постоја два начина.

Како да утврдите вистинско ладно цедено малсо

Ладно цеденото маслиново масло се згуснува на ладно. Во ладилникот би требало да стане матно и да се згусне. Кога е на топло, пак станува потечно.

Освен тоа, вистинското ладно цедено масло е запаливо и памучните нишки од газиените ламби треба да горат во вакво масло. Ако не горат, маслото не е чисто.

Каде да купите оригинално маслиново масло

Најдобро е од локални продавачи што ги познавате или да пронајдете компанија чии производи имаат сертификати дека маслото е oрганско и чисто. Ценатa не е веродостоен показател.

Чување на маслото

Топлината и светлоста предизвикуваат побрзо расипување на маслото. Купувајте го она што се продава во темни стаклени шишиња, а откако ќе го донесете дома, чувајте го во орман, но никако во близина на шпорет или друг извор на топлина.

Види

Растението кое со мирисот ви дава подобра меморија

Испитите на универзитетите се се поблиску, а универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може …