24.04.2024
Почетна / Градина / Како изгледа првиот кровен парк на јавна површина во Скопје навечер?!

Како изгледа првиот кровен парк на јавна површина во Скопје навечер?!

Хорти Експерт МК успешно го реализираа првиот кровен парк на јавна површина во нашата држава над ГТЦ.

На покривот зазеленети се 1.800 квадратни метри односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Според проектот засадени се 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. На овој простор има поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Тука се поставени и првите вистински зелени ѕидови на јавна површина составени од живи растенија со автоматско наводнување. Нема дехидриран мов или вештачки растенија.

За да изгледа светски за овој кровен парк се погрижија нашите Хорти Експерт МК . Погледнете како изгледа овој парк навечер:



Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …