Почетна / Градина / Вести / Како еден човек ги надживеа сите лекари што му предвидоа 6 месеци живот

Како еден човек ги надживеа сите лекари што му предвидоа 6 месеци живот

Чудесната историја на еден човечки живот е само уште еден доказ дека болните пациенти никогаш не треба да губат надеж и да продолжат да се борат.

Кога во 1976 година лекарите му дијагностицирале рак на белите дробови, Стаматис Мораитис не се помирил со фактот дека наскоро ќе умре. Тогаш, девет различни доктори потврдиле дека му останува половина година живот и дека веднаш би требало да започне со агресивен третман со хемотерапија.

Меѓутоа, тој не сакал да се лекува на овој начин, па го одбил третманот. Потоа тој се враќа во своето родно место, на островот Икарија во Грција. На самиот почеток, тој бил депресивен и по цели денови лежел во кревет, додека неговата сопруга и мајка му ја превземаат грижата за него. Сепак, еден ден се враќа неговата вера и желба за живот, па претпоставувајќи дека ќе живее уште малку, тој одлучил последните месеци да се шета и да комуницира со луѓето и започне работа со градинарство.

Во следните неколку недели, тој почувствувал дека силата полека се враќа, па еден ден дури решил и да засади градина, иако не очекувал дека ќе го доживее родот на плодовите од засадените растенија.

Види

Рецепт на Доктор Оз: Со овој природен напиток слабеете во текот на целиот ден

Постои еден лек кој може да ви помогне да ослабнете во било кој дел од …