20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да се заштитите од град?

Како да се заштитите од град?

Осигурителните компании само ги санираат последиците, но не можат да ги вратат купувачите што сме ги изгубиле за таа година или засекогаш. Исто така не може да се надомести намалениот род во следната година, доколку се работи за големи оштетувања од градот.

Ефикасноста на заштитата од градобијните ракети веќе одамна е под знак прашалник. Во развиените овоштарски региони одамна го имаат решено овој проблем на најсигурен и наједноставен начин, односно своите плантажи ги покрија со противградни мрежи.

Систем на противградни мрежи

Се работи за конструкција составена од столбови, решеткасто распоредени по целата плантажа и меѓусебно поврзани со систем од сајли, анкери, држачи и затегнувачи. На крајот се прекрива со мрежа чија основна функција е механички да се заштити вашата плантажа од град. Во зимскиот период мрежите се собираат и се прицврстени за сајлите кои се наоѓаат над секој ред.

Во пролет, кога сме сигурни дека нема да врне снег, мрежите меѓусебно се спојуваат со посебни копчиња. Спојувањето се прави точкесто, на неколку метри, така што меѓу споените места остануваат процепи низ кои градот се слева во средината на меѓуредниот простор. Во прашање е релативно робусен, но апсолутно сигурен систем на заштита со кој едноставно се ракува и не бара никакво одржување.

Мрежи

Направени се од материјал на база на полиетилен. Во практиката се најзастапени црните, но можат да се сретнат и сиви и бели мрежи. Тие, освен по бојата, се разликуваат и по хемискиот состав, односно по трајноста. На нашите географски ширини најмногу се употребуваат црните мрежи кои се најотпорни и нивната трајност го преминува и векот на траење на еден овоштарник.

Столбови

атувајќи низ европските овоштарски региони на прв по-глед забележуваме две работи. Прво, постојат краишта во кои скоро 90% од површините се покриени со мрежи. За потпора се употребуваат два вида на столбови: бетонски и дрвени. Бетонските столбови наоѓаат примена кај цврста подлога, а таков е случајот во пределите кои гравитираат околу Медитеранот.

Во средна Европа, бетонските столбови со текот на времето ќе почнат да тонат. Освен тоа, евентуални задоцнети снегови на веќе раширените мрежи би довеле до екстремни оптоварувања на системот, па би можеле да се скршат бетонските столбови.

Кај дрвените столбови тие опасности се исклучуваат и за нашите услови тие се оптимално решение. Најдобри дрвени столбови се прават од импрегнирани стебла од ариш или бор, при што е важно нивната импрегнација на столбовите да се направи технолошки точно и доследно – прво под висок притисок, а потоа во вакуум и на крај е процесот на фиксирање. Добро направени дрвени столбови траат најмалку 25 години. Дебелината на столбовите се движи од 11 до 16 см. Се одредува врз основа на оптоварувањето што треба да го поднесе столбот и местото што го зазема во системот. Должината (висина) на столбовите може да биде произволна, се одредува во зависност од висината на стеблата и обликот на крошната и стандардно се движи околу 4 м.

Амбиентот под мрежата

Покриеноста на плантажата со противградни мрежи доведува до незначителна засенченост на засадот. Што значи тоа во практиката? Под мрежите доаѓа до благо ублажување на температурните екстреми. Кога надворешната температура ќе помине 30 целзиусови степени, температурата под мрежата ќе биде за 2 до 3 степени пониска. Исто така, кога температурата е многу ниска, под мрежата ќе биде за 2-3 степени повисока, што може да ги заштити засадите од доцните пролетни мразеви.

При средни вредности, температурата под мрежата не се разликува од надворешната температура. Благата засенченост, сама по себе, создава и појава на ОЖЕГОТИНА. Овој ефект се зголемува и со фактот дека мрежата, освен заштитата од јакото сонце, во одреден степен служи и за намалување на разликите меѓу најниските (ноќни) и највисоките дневни температури.

Градење на системот

Системот се проектира за секој овоштарник и парцела посебно, земајќи ги предвид сите специфичности на теренот и самите засади. Целата работа се препушта на стручњаците кои сите посебности знаат да ги проценат и да ги испочитуваат. Идеално би било да се постават мрежи пред да се посади нов насад затоа што тогаш системот може да се користи и како потпора на растенијата. Меѓутоа, за подигнување на противградни мрежи никогаш не е доцна и наш совет, поучени од искуствата на европските овоштари, е задолжително да размислите за поставување на мрежи на своите плантажи. Подобро е една година да се откажеме од заработката или да одложиме со купување на некои машини, а да се изгради свој сопствен систем за заштита од град.

Тоа ќе ви овозможи со сигурност да сметате на свој принос и приход, да имате свои постојани купувачи и слободно однапред да ја договарате продажбата. Затоа, подигнете мрежи и престанете да гледате во небото туку мирно спијте!

Автор: Миленко Перишиќ

Извор: Федерација на фармери на РМ

 

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …