20.05.2022
Почетна / Градина / Како да одредите дали виното е благо

Како да одредите дали виното е благо

Astí и Moscato d’ Asti се многу благи. Doux или Dolce значи „благо“ на француски. Demi- sec значи дека е половина суво, односно половина благо вино. Extra- dry или Extra- sec се два конфузни термини затоа што вусшност значат дека не се работи за суви вина (суво вино значи дека не е благо). Brut е вистинскиот збор што треба да го барате ако сакате да пиете вино без шеќер.

Сетилата и сензибилитетот

Ако не можете да одредите дали виното е благо според горните четири начини, тогаш се останува на вашите сетила. Сигурно сте виделе како познавачите на вино ја вртат чашата со вино, тоа не го прават само да покажат дека се разбираат во виното. Тие ја гледаат течноста и ја мирисаат. Кога се работи за вино изгледот не лаже. Ако ја вртите чашата со вино и забележите дебели, долги, бавни капки вино (наречени нозе) кои полека се враќаат назад тогаш или виното има голем процент на алкохол или има многу шеќер. Ако „нозете“ се тенки и брзо се враќаат кој остатокот на виното во чашата, тогаш виното е суво. Колку се потенки линиите со капките толку виното е посуво. Ако не сте сигурни во вашата способност да ги процените „нозете“ употребете го носот. Ставете го директно врз чашата и вдишете. Ако почуствувате мирис на мед, меласа и лепливи сладки тропски овошја, тогаш виното е благо.

Запомнете: Ако не сакате благо вино, тогаш напоменете му на барменот дека сакате да пробате некое суво или екстра суво вино.

Извор: коктели.мк

Види

Растението што достигнува раст од 60 метри во текот на една сезона

Кудзу е вид јапонски ползавец, главно употребуван при заштита на земјиштето од ерозија. Може да …