Почетна / Градина / Како да одредите дали виното е благо

Како да одредите дали виното е благо

Сакате да пиете вино, сакате да пробате нови видови на вино, но не можете да поднесете да пиете благо вино.

За да не порачате или купите вино кое што е благо и кое нема да го испиете, денес ќе ви дадеме пет совети за тоа како да одредите дали виното е благо.

Винската листа

Ако виното е ставено во категоријата десертни вина, тогаш виното е благо. Правило е дека кога пиете вино со десерт, виното мора да биде исто толку благо или дури и поблаго од вашиот десерт. Затоа угостителите ги ставаат благите вина во категоријата на десертни вина, вклучувајќи го и Порто виното и Шери (освен Fino кое што е всушност суво Шери и не треба да биде сместено во десертни вина).

Германски вина

Ако сакате од виното мала блажина како што може да се најде во некои Ризлинг вина и сакате да пробате некое германско вино, се што се чита Auslese, Beerenauslese и Trockenbeerenauslese (или TBA) се рангира редоследно од благо до многу благо вино. Ако сакате да пробате посуво вино побарајте го зборот Kabinett иако и тие знаат да бидат малку благи.

Етикетата

Секое вино кое е означено како доцна берба или ледено вино е благо вино. Vin Santo е италијанско благо вино, а Tokay Aszú е благо вино кое доаѓа од Унгарија. Традиционалните црвени вина, како Мерлот или Зинфендлер, се означени како бели вина, на пример „Бел Мерлот“ тогаш тоа вино е благо и има розева боја.

Пенливи вина

Види

Шефлера

Шефлерата води потекло од Австралија. Тоа е растение со специфични листови кои имаат 5-9 листа …