Знаете ли дека прегорените сијалици можеат да се искористат како декоративни вазнички за цвеќиња? За ефектот да биде поголем, препорачуваме да ги обоите.
Еве што се ви е потребно:
– Сијалица
– Растение
– Ножички
– Пинцета
– Чеканче
– Шајки
– Kамчиња
– Јаженце
Најпрво направете дупче во металниот дел од сијалицата па потоа со помош на пинцета земете ја и внимателно извадете ги жиците внатре во сијалицата. Издлабете уште две дупчиња во железниот дел за вазничката да ви биде висечка, и низ дупчињата протнете го јаженцето. Шајчето и чеканот ви се потребни за да ги закачите на ѕид.