29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да направите ликер од диња

Како да направите ликер од диња

Состојки:

4 шолји сецкана диња

3 шолји водка

2 шолји шеќер

2 шолји вода

Упатство:

  1. Прво што треба да направите е да ја извадите кората на дињата и да ја исецкате на парченца. Ставете ги парчињата од диња во голема тегла која што може добро да се затвори и додадете ја водката. Затворете ја теглата и измешајте. Теглата со мешавината ставете ја на темно место и оставете ја да стои 3 дена. Кога ќе поминат 3 дена извадете го овошјет од теглата, но притискајте го секое парче за да ја исцедите течноста што е насобрана во овошјето. Потоа земете газа и добро процедете ја течноста.
  2. Во тавче ставете ја водата и шеќерот и загрејте го на средна температура. Мешајте постојано се додека не стопи шеќерот. Кога ќе се стопи шеќерот, тргнете го тавчето и оставете сирупот да се излади.
  3. Штом шеќерниот сируп ќе се излади измешајте го со течноста од диња и водка во тегла. Затворете ја теглата и протресете ја добро за да се измешаат двете течности. Оставете ја течноста да стои минимум еден ден.
  4. Одкако ќе помине уште еден ден, вашиот ликер од диња е готов. Од овие количини се добива околу 5 шолји ликер. Ликерот чувајте го во фрижидер и може да стои до 2 месеци.

Забелешки:

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …