29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да направите ликер од диња

Како да направите ликер од диња

Дињата има најмногу концентрирана блажина од сите други овошја и има посебен вкус кој што одлично се слага со алкохолот.

Добар ликер од диња може да ја претвори вашата минерална вода во прекрасен освежителен летен коктел или да додаде уште еден слој на прекрасните тропски коктели.

Домашно направениот ликер од дињи го доловува сладкиот и необучен вкус на овошјето, а ги нагласува шеќерот и алкохолот. Контролирањето на количната на шеќер што ќе ја ставите во вашиот ликер доволна причина за да си направите свој ликер. Но ова е уште поголема мотивација кога се работи за ликерот од диња затоа што комерцијалните ликери од диња се посирупести од другите видови на ликер.

Кога правите свој ликер исто така нема да употребите адитиви кои што ги има многу во комерцијалните ликери. Бојата за храна е по се изгледа многу важна за производителите на ликери од диња. Не сме сигурни дали сакаат да го скријат непривлечната боја затоа што сите комерцијални ликери од диња (Midori, Bols, DeKuyper) имаат зелена боја, а само неколку од нив се направени од диња која навистина е зелена.

Од комерцијалните ликери „Midori“ користи јапонска диња од фамилијата канталупе, додека пак „Bols“ користи диња – медена роса. Не бевме сигурни кој тип на диња ќе биде подобар за правење на домашниот ликер па ги пробавме и двата вида. Очекувавме дека медената роса ќе победи затоа што беше по зрела и повкусна од канталупе дињата. Но сепак подобар домашен ликер добивме од канталупе. Сочната свежина на медената роса исчезна скоро целосно во процесот на инфузија, при што се доби само слаб вкус на кора од диња. Во меѓувреме, добрата стара канталупе одлично го пренесе својот природен вкус и добро се измеша со алкохолот и шеќерот.

Рецепт за ликер од диња:

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …