19.04.2024
Почетна / Градина / Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Растенија

Навистина денес постои толку голем избор на водни растенија. Повеќете од нив се навистина скапи, но тука се и неколку скромни и ефтини градинарски идеи, со цел да го направат изгледот на вашиот двор многу поубав. Најпрво тркнете до градските езерца и паркчиња, па дури можете да појдете и до најблиското мучуриште и фрлете поглед врз растенијата кои растат во водата. Тоа ќе ви даде идеа кои растенија всушност можат да успеат во вашата средина. Доколку успеете можете дури и да земете од растенијата и да ги пресадите во вашето езерце. Но, најпрво прашајте во случај да не тоа езеро или градина е приватна сопственост. На тој начин ќе направите вашето езерце да изгледа сосема природно. Кога ќе започнете со садење на растенијата би ви препорачал да искористите работи кои изгледаат тропски. Исто така, можете да земете папрати бесплатно, од најблиското мучуриште и да додадете тропски изглед на вашето езерце. Понатаму како предлог можат да се насадат следните растенија: винова лоза, детелина, лилјани и тн. Несомнено тие ќе го направат излгедот на вашето езерце далеку подобар.
Рипчиња

Наједноставниот начин да набавите рипчиња е да отидете до локалната продавница за домашни риби, каде ги има во изобилство. Искрено, се доста ефтини и може да набавите повеќе од нив. Дури ќе бидете многу изненадени колку брзо можат да пораснат. Потоа тие ќе се размножат и со добро одгледување можете да ги имате во изобилство. Во зимскиот периот ќе морате да ги извадете и да ги внесете дома (можете да ги чувате во детско гумено базентче во подрум ), инаку не би преживеале во замрзнатата вода надвор. Како предлог, пред да ја пуштите рипката во водата добро е да ја ставите во најлонска кесичка и да биде во езерцето на тој начин околу 46 – 60 мин. Така рипката подобро ќе се прилагоди на новата средина.

Исто така, пред да ги пуштите рипките во езерцето отстранете ги сите остатоци од водата, бидејќи тие предизвикуваат непријатен мирис кој може лесно да ги убие. Добро е да се чува езерцето полно со вода, односно континуирано да се полни со вода, како што водата испарува, особено во лето кога температурите се високи. Доколку пак имате мало езерце, не би било проблем да се отстрани водата и добро да се исчисти површината на езерцето секоја пролет и есен. Или пак може со рака да се отстранат лисјата и останатите работи од водата кои се собирале за време на сезоната.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …