20.04.2024
Почетна / Градина / Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Поставете ја пластичната облога убаво во дупката и додадете малку вода, на тој начин најдобро би се позиционирала облогата на сите страни од дупката. Раширете ја убаво облогата на сите страни и распространете ја убаво на врвот од езерцето и потоа внимателно проверете дали е убаво распространета на сите страни и дали совршено лежи на дното од дупката. Делот што останува на врвовите оставете го, би бил од корист понатаму. Следно е да ја наполните дупката со вода. Како што го полнете езерцето внимателно проверувајте ја облогата дали останува во истата положба.

Водата

Потребно е добро да се знае каков вид на вода се користи во езерцето. Доколку го полнете со вода од чешма препорачливо е да почекате некој ден, тек потоа да ставите рипчиња внатре. Тоа би било доволно време за да исчезне хлорот од водата и да се постигне воздушната температура. Доколку не се почека неколку дена ризикот е голем да изумрат рипчињата.

Камчиња

За природен изглед ставете ги камчињата околу рабовите на вашето езерце. Сега е време да се покријат рабовите од пластичната облога. Искористете било каков вид на плочка или камен од вашиот двор и наместете ги врз пластичната облога, така да не се познава воопшто и да си има еден природен изглед. Не би било ништо погрдо од непокриена црна пластична облога на рабовите од езерцето. Како предлог би било убаво да ставите мали морски камчиња (доколку можете да ги набавите) на дното од езерцето со цел да му се даде природен изглед и место за рипчињата да се сокријат. Бидете внимателни да не ги фрлате камчињата внатре, бидејќи може да се предизвика оштетување на пластичната облога. Ставете ги внимателно и пополека на дното од езерцето.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …