24.04.2024
Почетна / Градина / Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Како да изградите езерце за 10 евра во домашната градина

Најпрво да се расчисти тоа дека градините со сопствено езерце не се само за оние со длабоки џебови. Секој може да изгради убаво езерце во сопствената градина со малку време и мал износ на пари. Доколку сте погледнале во оние езерца кои се прават и продаваат како комплет, лесно ќе се увиди колку скапи можат да бидат. Навистина, цените се движат од неколку стотици до некоку илјади евра, што е навистина многу за еден македонски стандард.

Најпрво треба да се даде одговор на прашањето:што да се искористи како облога? Најдобро е да се искористи еден посебен пластичен материјал наречен “silo cap”. Всушност тоа се големи парчиња од пластика кои се користат да се покрие подлогата и да не се дозволи протекување на вода. Без грижи, тие можат да се набават во различни големини и дебелини, во зависност од потребите. Нормално, просечната големина е: 14×14, 20×20, 26×26 и скоро сите се со дебелина од 3 см со црна боја. Генерално цените се движат од 5 – 15 евра. Можат да се набават скоро во секоја продавница за земјоделие.

Дупката

Како за почеток неопходно е да се ископа дупка, облога и вода. Исто така можете да искористите и дополнителни работи (повеќе како за украс), како на пример: камења, цвеќиња, рипчиња, а можеби и водена помпаили фонтана. Колку за информација проектот може да биде завршен за само неколку часа или пола ден со еден збор. Пред да почнете било што, потребно е да се одбери добра локација за новото езерце.

Продолжува на следната страна

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …