20.04.2024
Почетна / Градина / Храна / Кафето во поголеми количини може да му наштети на видот!

Кафето во поголеми количини може да му наштети на видот!

Злоупотребата на кафе може сериозно да му наштети на видот, тврдат британски медицински лица. Опасната граница е три чашки на ден.

Не ги негираме корисните својства на кафето, коментирал истражувачот алишта Кан. Тој потсетува дека миризливиот пијалок ја зголемува работоспособноста, но луѓето треба да бидат свесни за некои несакани ефекти, истакнува topnews.ru.

Британското истражување е направено врз 78 977 жени и 41 202 мажи.

Сите резултати од набљудувањата над здравјето на “кафеџиите” покажуваат дека редовното пиење на три и повеќе кафиња зголемува ризикот од атрофија на видниот нерв при зголемен внатрешен притисок.

Кофеинот всушност придонесува за зголемување на притисокот, вклучувајќи ја интраокуларната течност, што е и причината за развој на глауком. Мислењето на лекарите е дека кафето го зголемува ризикот од појава на т.н. ексфолиативен глауком. Специјалистите-офталмолози сепак засега се скептични кон наодите.

Види

Која е најпродаваната габа во светот?

Светскиот пазар на печурки ќе се проширува во просек за 9,5% секоја година, достигнувајќи 50 …