20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Јасмин – природен валиум

Јасмин – природен валиум

Во многу источни земји јасминот се одгледува во индустриски размери. Особено популарен е кинескиот зелен чај со јасмин, кој влијае врз работоспособноста и го подобрува расположението. Зелениот чај со јасмин е одличен природен здрав пијалок познат по антиоксидантното дејство. Јасминот ги отвора сетилата, го освежува мозокот, ја чисти крвта, го отстранува заморот со својот нежен и чувствителен вкус. Етеричното масло од јасмин е вредно, не само со својот мирис, но и како лековита билка. Се користи за заздравување на рани, при главоболка, како антидепресив.

Масло со додадено масло од јасмин ги намалува мускулните болки, ја подобруваат циркулацијата, ги ублажуваат болките. Како и другите цвеќиња, така и јасминот може да предизвика алергија. Германски научници докажаа дека мирисот на јасмин има смирувачки ефект, сличен со оној на валиумот, па затоа е многу подобро да се користи јасмин при несоница, отколку да се прифатат хипнотици. Молекулите на аромата спаѓаат во белите дробови, а потоа и во крвта и стануваат моќна замена на психотропни лекови кои се даваат само по рецепт, сметаат научниците од Германскиот универзитет Хенрих Хаинан во Дизелдорф. Професорот Хенсон Хат открива супстанцијата GABA (γ-аминомаслена киселина – и тоа е главниот инхибитор на невротрансмитерите во централниот нервен систем), кој влијае на нервните клетки и се зголемува постојано, поради мирисот на јасмин. Јасминот не предизвикува несакани ефекти како депресија, вртоглавица, хипотензија, мускулна слабост и лоша координација.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …