25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Јасмин – природен валиум

Јасмин – природен валиум

Јасминот е зимзелено брзорастечко растение со силни мириси. Цвета во крајот на зимата и почетокот на пролетта, а првите податоци за јасмин доаѓаат од индиските папируси.

Во Индија јасминот се смета за свето растение, нарекувајќи го “месечината на љубовта”, а девојките ја красат косата со него. Според Грците јасминот е подарен на луѓето од божицата на мудроста Атина.

Во Франција од стеблото на растението правеле шупелка. Јасминот е едно од основните растенија кои се користат во парфимеријата. Тој е воведен во Европа од Исток на почетокот на XVIII век.

Од него правеле и неверојатен сируп за кашлица. Се сметало дека ја прочистува крвта. Во источната страна јасминот се сметал за симбол на страсната љубов. Одгледувањето на јасмин не значи само естетско задоволство, но придонесува и за здравјето. Мирисот на јасмин влијае на вкупниот тонус и самодоверба на човекот. Се смета дека мирисот на јасмин има смирувачко дејство, ги отстранува напнатоста, ја намалува агресијата и го подобрува сонот.

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …