06.02.2023
Почетна / Градина / Јапонско јаболко – овошје на боговите

Јапонско јаболко – овошје на боговите

Во Германија се применува во козметиката

Ова овошје, кај Грците познато како „овошје на боговите”, расте на дрво и се вбројува во дел од сортата Diospyros од фамилијата црни дрва, наречени Ebenaceae. Јапонското јаболко првпат почнало да се одгледува во Кина и се одгледува со векови.

Многу години подоцна се шири во Кореја и Јапонија. Плодот на јапонското дрво т.н. јапонско јаболко има светложолто -портокалова боја или темножолто-црвена боја, во зависност од сортата и тркалезна форма што потсетува на домат. Јапонското јаболко обично се јаде со лажичка. Ова овошје содржи високо количество гликоза и одреден степен протеини. Исто така содржи витамин Ц и витамин Б2, а наоѓа широка примена во медицината и во хемиската индустрија.

Познато е по својата специјалност во одгледувањето, тоа е многу слатко овошје со не толку остар мирис. Исто така, познато е и под името корејско манго. Кина е најголем одгледувач на овој вид јаболка, потоа Бразил, а по него Кореја и Јапонија. Во САД, најмногу се одгледува во Калифорнија. Постојат два вида јапонски јаболка: Тhe Fuyu, вид што можете веднаш да го консумирате и Тhe Hachiya, вид што не можете веднаш да го консумирате, бидејќи ако изедете едно од овој вид јапонско јаболко, исто како да сте испиле 6 шолји од најјакиот чај. Во Германија, наоѓа широка примена во козметиката, се употребува за пилинг на лице, кој чини повеќе од 70 евра на еден третман. Во Европа е познато како „каки“, во земјите од англосаксонското подрачје како „персимон“, Бугарите го нарекуваат „рајско јаболко“, а латинското име кое го знае науката е „диоспирос“. Во превод тоа значи храна на боговите, а токму по својот состав јапонското јаболко е навистина храна на боговите.

Превземено од земјоделство.мк

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …