Јакобинија (Jacobinia (Justicia) carnea) или позната како Јустиција, потекнува од Јужна Америка (Бразил). На височина растението достигнува до 1,50 метри. Листовите се овални и ткаени од микрофибер. Цвета на крајот на летото во розови бои, но се среќаваат и сорти со бели и жолти бои.
Место: Јакобинијата претпочита директни сончеви зраци. Во топло време може да и обезбедите сенка, за да не изгорат лисјата од силното пладневно сонце. Температурата треба да биде умерена – во лето околу 25 степени, а во зима – не пониска од 15 степени.
Нега: Јакобинијата сака висока воздушна влажност. Иако не е добра идеја да ги пулверизирате листовите. За да обезбедите постојано висока влажност, особено во жешките летни денови, ставете ја саксијата на јакобинијата врз сад со вода. На овој начин постојаното испарување на вода ќе ја одржува потребната висока воздушна влажност. Наводнувањето во текот на летото треба да е обилно, додека во зима се полева умерено, а почвата се одржува постојано влажна. Почвениот супстрат треба да е составен од еднакви делови на листовка, чимовка, добро угнилено ѓубриво и песок. Во сите случаи подлогата мора да биде водопропустлива, истовремено треба да се направи и добра дренажа на саксијата за истекување на вишокот на вода. Се ѓубри на секои две недели со ѓубриво за листови и декоративни растенија.
Размножување: Со гранка или резници во пролет. Вкоренувањето е во песок на температура од околу 20 степени за околу 3 недели.
Совет за градинари: обликувајте го растението од најрана возраст. Во својата татковина јакобинијата (Јустиција) достигнува до 2 метри висина и на страна се протега до 1 м.