Почетна / Градина / Вести / Јадете кајсии! Делуваат ефикасно против запек, различни кожни проблеми, болки во мускулите …

Јадете кајсии! Делуваат ефикасно против запек, различни кожни проблеми, болки во мускулите …

Кајсијата е најодгледуваниот вид традиционално овошје на нашиве простори. По Втората светска војна производството на кајсии во Македонија изнесувало околу 2.700 тони. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 тони.

Кајсијата спаѓа во група на коскесто овошје, чиј што плод содржи многу каротин, целулоза, пектин, витамини Б1, Р, како и органски киселини, винска киселина, јаболкова киселина, лимонска киселина.
Кајсиите се богати и со калиум, скроб и со инулин и други минерални материи.

Кајсијата делува ефикасно против запек, различни кожни проблеми, болки во мускулите, болки во увото, стомачни тегоби и друго.

Особено корисен дел од кајсиите се нивните семки кои содржат амигдалин, за многумина екстракт кој помага во борбата против ракот, но и помага во подмладувањето. Тој е познат како витамин Б17 и голем број нутриционисти го нарекуваат вистински лек против ракот.

Иако кајсија по потекло е од регионите со континентална клима и студени зими, тоа може да вирее и на средоземна клима. Сувата клима во овие подрачја е поволна за зреењето на овошките. Дрвото е малку поотпорно на студ од праска, издржувајќи зимски температури и до -30 °C а ако е здраво, дури и пониски. Ограничувачки фактор за одгледување на кајсијата е пролетниот мраз: Тие имаат тенденција да цветаат многу рано, што значи пролетниот мраз може да го убие цветот. Исто така, дрвјата се осетливи на температурни промени во текот на зимската сезона. Во нивната родна Кина, зимите можат да бидат многу студени, но со помалку температурни разлики отколку што тоа е случај во Европа а особено во Северна Америка. Хибридизација со Prunus sibirica (сибирска кајсија; отпорна и до −50 °C но со не толку вкусен плод) нуди можности за одгледување на повеќе растенија отпорни на студот.

Кајсиите честопати се калемат на слива или на праска. По ова калемење плодот честопати варира согласно големината и вкусот.

Турција е главен производител на кајсии, а веднаш по неа следат Иран и Узбекистан. Според ФАО, во 2010 година во Македонија биле произведени 2996 тони кајсии.

Види

Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал

Од денеска до 15- ти јули, сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен, (насаден …